- Исклучително паметна и практична нараквица со која ќе го следите вашето ментално и физичко здравје 24 часа во денот, ќе водите грижа за вашето спиење во текот на ноќта, а ќе добивате и известувања за сите важни информации.
- 24 ЧАСА ВО ДЕНОТ ГО СЛЕДИ ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ Оваа паметна нараквица може 24 часа дневно да го следи срцевиот ритам и крвниот притисок, а го снима и времетраењето на длабокиот и плиткиот сон за јасно да ви прикаже податоци за секоја измината ноќ. Сите податоци се префрлаат во вашиот мобилен телефон за лесно и читко да ја следите вашата психичка кондиција.
- ГИ СЛЕДИ ВАШИТЕ АКТИВНОСТИ Точно и прецизно измерете ги вашите чекори, поминатата километража и брзината со која ги топите калориите. Со ваквото следење на вашите активности ќе можете да вежбате попаметно и подобро. Долгото седење е штетно по вашето здравје, затоа ќе добиете известување кога е време да направите пауза и да се раздвижите, а исто така ќе ве потсети и да пиете доволна количина на вода за да не останете дехидрирани.
- ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИНФОРМАЦИИ Кога мобилниот телефон е поврзан со паметната нараквица, можете да добивате известувања за дојдовни повици, СМС пораки и активности на социјалните мрежи, така што никогаш нема да пропуштите нешто важно.
- ГОЛЕМ ЕКРАН ВО БОЈА Дури и при најсилна сончева светлина ќе можете јасно и читко да ги видите информациите на паметната нараквица. Водоотпорна е (IP67 стандард), па нема потреба да ја вадите секогаш кога ги миете рацете или сте на дожд, но препорачуваме да не ја носите додека пливате.
- НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА И ИЗДРЖЛИВА БАТЕРИЈА Во пакетот добивате и УСБ кабелче за полнење, а во зависност од употребата, таа ќе издржи и до 15 дена со едно полнење.